Mercedes-AMG GT63 добива Pro изведба – CARclub.mk | #1 за Автомобилите full screen background image
Search

Mercedes-AMG GT63 добива Pro изведба

Спорткото купе со високи перформанси AMG GT63 Pro има 603 коњски сили, 850Nm вртежен момент и забрзување до 100 километри на час за 3.2 секунди.

Предната маска на GT63 во варијантата Pro е редизајнирана и сега има повеќе воздушни дефлектори и поголеми отвори за воздух. Во предницата исто така е вграден активен воздушен панел кој служи за контрола на протокот на воздухот.

Во возилото сега стандардно се вградуваат карбон-керамички сопирачки. Станува збор за најголемиот керамички сет на AMG, со дискови од 16,5 инчи и клешти со шест клипа. Тркалата од лесни легури и 21 инчи се обвиткани во Michelin Pilot Sport или Michelin Pilot Sport Cup 2 Rs гуми, според желба на купувачот.

Хидраулично поврзаната суспензија што беше опционална кај стандардниот GT63, кај Pro доаѓа стандардно, а тука спаѓа и управувањето со задните тркала. Во внатрешноста се забележуваат спортските AMG Performance седишта, а нема ни недостаток од парчиња изработени од карбонски влакна.

Mercedes-AMG GT63 Pro го имаше своето деби на фестивалот на брзина во Goodwood, а првите испораки се најавени за следната година. Цената не е објавена, но секако очекуваме да биде повисока од основниот модел.



Автомобилски ентузијаст преку ден, DJ преку ноќ!