Renault Rafale пристигна во Македонија! – CARclub.mk | #1 за Автомобилите full screen background image
Search

Renault Rafale пристигна во Македонија!

Новиот, супер-модерен Coupe-SUV на францускиот бренд Renault пристигна во Македонија – и се изговара Рафал, а не Рафале!

Rafale (како што рековме, се чита Рафал – не Рафале) е базиран на CMF-CD платформата која ја дели со Austral (нашиот тест на Austral можете да го погледнете тука) и големиот Espace, но дизајнот е очигледно различен.

Купеовската форма е агресивна и динамична, со широки тенки предни светлосни елементи и голема маска на ладилникот. Профилот е низок и заострен, а задниот дел е чист, со хоризонтални задни светла и нагласен заден браник.

Вовед во погонските опции на Rafale е самополнечкиот хибрид кој веќе се нуди кај Austral и Espace. Погонот комбинира 1.2-литарски турбо-бензинец со 130 коњски сили со електромотор, стартер-генератор и мала батерија со капацитет од 2 kWh. Вкупната, системска моќност е 200 коњски сили и 205 Nm вртежен момент. Скалило погоре е резултатот на директна соработка меѓу Renault и Alpine, односно Renault Rafale E-Tech 4×4 300 HP. Оваа верзија има уште еден електромотор поставен на задната оска па добива погон на сите четири тркала и вкупно 300 коњски сили.

Кабината е налик на онаа која веќе ја познаваме од Austral – а тоа значи голем 12.3-инчен дисплеј наменет за инструментите, како и вертикално поставен 12-инчен екран за мултимедијалниот уред. Сликата ја надополнува 9.3-инчен хед-ап дисплеј со висока резолуција. Секако, врвната изведба Esprit Alpine добива и спортски седишта обвиени во алкантара и шевови во боја на француското знаме.

Интересен новитет е и Solarbay панорамскиот кров кој овозможува лесно затемнување или осветлување. Од Renault напоменуваат дека и покрај купеовската форма има повеќе од доволно простор како за главите, така и за колената на патниците на задната клупа. Не би требало да е проблем ниту багажниот простор – Rafale нуди дури багажник со капацитет од 647 литри.

Rafale веќе може да се погледне во салонот на Renault во Скопје.

Поврзано:  Во салонот на Renault пристигна освежениот Captur


Алфа и Омега на CARclub. Играчките остануваат, само стануваат поскапи.