BYD ќе гради фабрика во Турција вредна 1 милијарда долари – CARclub.mk | #1 за Автомобилите full screen background image
Search

BYD ќе гради фабрика во Турција вредна 1 милијарда долари

BYD планира да ја отвори новата фабрика во Турција пред крајот на 2026 година и истата да произведува 150.000 автомобили годишно.

Во обид да ги избегне огромните тарифи кои Европската Унија ги наметна за електричните автомобили од Кина, кинескиот производител потпиша договор од 1 милијарда долари за основање фабрика во Турција. BYD е еден од неколкуте кинески производители кои во моментов се соочуваат со дополнителни увозни тарифи дизајнирани да го ограничат она што Европската Комисија го опишува како „нефер субвенции“ од Пекинг.

Со цел да ги најде решение за европските високите тарифи, брендот од Шенжен потпиша договор со турската влада за основање фабрика до 2026 година, која ќе произведува 150.000 електрични и хибридни возила годишно и ќе вработи 5.000 луѓе.

Иако Турција сама по себе не е дел од Европската унија, таа е дел од Царинската Унија на ЕУ. Дури и самата Турција воведе царини од 40% за кинеските автомобили со цел да ја заштити својата автомобилска индустрија. Меѓутоа, со овој нов договор, секое произведено возило на BYD во Турција нема да се смета за увезено и по автоматизам нема да биде предмет на дополнителните увозни давачки што се наменети за кинеските автомобили.



Автомобилски ентузијаст преку ден, DJ преку ноќ!