Пристигна освежената Škoda Octavia! – CARclub.mk | #1 за Автомобилите full screen background image
Search

Пристигна освежената Škoda Octavia!

Со повеќе од 7 милиони продадени примероци во изминатите неколку генерации, Octavia е убедливиот бест-селер на Škoda. Од денес, освежената Škoda Octavia е достапна и во Македонија!

Škoda неодамна ја освежи Octavia, па сега таа има дискретно редизајнирана предница со нови Matrix LED предни светлосни групи со адаптивни долги светла, како и редизајнирани браници во сите изведби. Профилот е генерално неизменет, но достапни се нови дизајни на тркалата (во димензии од 16 до 19 инчи) а визуелните измени ги заокружива затегнатиот заден дел кој исто така добива редизајнирани браници и нова графика на задните светлосни групи.

Новата гама нуди две нивоа на опременост – Essence и Selection (на кои подоцна им се придружат и Sportline и RS). Слично како и кај Новиот Kodiaq, се нудат повеќе дизајнерски селекции за внатрешноста – Studio и Loft како стандардна опрема или пак опционално достапните Lodge (текстил/еко-кожа), Lounge (Алкантара/еко-кожа) или врвните Suite Black/Cognac (перфорирана кожа во црна или коњак боја).

Покрај новите и одржливи материјали за седиштата, контролната табла и панелите на вратите, дигитален дисплеј од 10 инчи ќе биде стандарден кај Octavia. Познатиот Virtual Cockpit со подобрена функционалност и head-up дисплејот остануваат достапни. Двете верзии на дигиталната инструмент табла имаат преработена графика, како и инфозабавните дисплеи.

За прв пат кај Octavia може да се нарача 13-инчен инфозабавен систем. Дополнително, Octavia добива и нов систем за безжично полнење на мобилен телефон кој има вградена вентилација. Безжичниот полнач е со моќност од 15 вати, додека полнењето преку USB-C приклучоците е со максимална моќност од 45 вати.

Поврзано:  Skoda се поздравува со минатиот Superb со специјален примерок со скоро 500 коњски сили!

Понудата на мотори ја сочинуват 1.5-литарски бензински TSI, како и 2-литарски TDI. Моторите можат да се комбинираат со 6-степен мануелен или 7-степен автоматски DSG менувач, додека моќноста се движи меѓу 115 и 150 коњски сили.

Понатаму во понудата ќе биде додадена и верзијата Sportline кај која ќе биде достапен 2-литарски TSI со 204 коњски сили, додека врвната Octavia RS ќе добие 2-литарски TSI со 265 коњски сили.

 



Алфа и Омега на CARclub. Играчките остануваат, само стануваат поскапи.