Баварците потврдија дека BMW X4 нема да доживее уште една генерација.
Токму бидејќи новиот X2 е значително поголем од моделот кој го заменува, од BMW потврдуваат дека помеѓу новиот X2 и големиот X6 навистина нема потреба од уште еден модел. Претставници од BMW потврдија за Motor1 Italy дека X4 нема да добие уште една генерација.
Новиот X2 е поголем, а ценовната разлика меѓу X2 и X4 е значително намалена и нема потреба и двата модели да бидат во понудата. Односно, според стратегијата на BMW, оние на кои им е потребен поголем купе-SUV можат веднаш да одат на X6. Сепак, вреди да се напоемене дека BMW нема да го пензионира X3 и дека тој SUV и понатаму ќе се нуди. Зошто? Па повторно, логиката е едноставна – X2 е базиран на архитектура која примарно е со погон на предните тркала, додека X3 е на платформа која примарно е со погон на задните тркала.
Сега за сега BMW не кажува кога точно X4 ќе се пензионира, но очекуваме дека тековниот купе-SUV ќе биде достапен барем уште една година.