BMW 2 добива ненаметлив фејслифт – CARclub.mk | #1 за Автомобилите full screen background image
Search

BMW 2 добива ненаметлив фејслифт

Гледајќи го однадвор, тешко ќе приметите дека се работи за ажурирано возило бидејќи изгледа практично исто како и претходно.

Ажурираната серија 2 има нов, опционален пакет „M Sport Professional“ со затемнети облоги и дополнителен спојлер. Тука се и новите бои, вклучувајќи ги црвената Vegas Red и сината Zandvoort Blue, истите кои претходно беа ексклузивени само кај спортската верзија М2.

Најзабележителена промена во внатрешноста е присутноста на инфозабавниот систем кој сега работи со системот iDrive 8.5. Има и ново стандардно амбиентално осветлување кое е интегрирано во отворите за контрола на климата. Тука се и новите дизајн опции за воланот, вклучувајќи верзија со рамно дно за поспортските верзии.

Она што дефинитивно можеме да го кажеме за новата серија 2 е дека BMW најверојатно игра на варијантата „Ако не е расипано, не го поправаме”.

 



Автомобилски ентузијаст преку ден, DJ преку ноќ!