Германскиот гигант најави дека ќе инвестира во американскиот производител на електрични автомобили.
Volkswagen на почеток ќе инвестира 1 милијарда долари во Rivian а со текот на времето уште дополнителни 4 милијарди. Toa ќе му овозможи на германскиот автомобилски гигант пристап до софтверот и ЕВ платформата на компанијата од Калифорнија. Заедничкото вложување ќе биде во косопственост на Rivian и VW Group, а двете компании ќе воведат возила развиени од заедничкото вложување во втората половина на деценијата.
Новиот потфат беше најавен во објава од извршниот директор на Rivian, RJ Scaringe, кој истакна дека инвестицијата ќе и помогне на компанијата во производството на новиот модел R2, кој е планиран да се појави на пазарот во 2026 година. Извршниот директор на VW Group, Oliver Blume, рече дека сите брендови на компанијата би можеле да имаат корист од партнерството со Rivian, вклучително и потенцијалниот конкурент Scout Motors, кој планира да лансира нова линија на електрични пикапи во САД.
Запрашан дали договорот ќе го направи Rivian ексклузивен партнер на VW и неговите брендови, RJ Scaringe одби директно да одговори. „Во контекст на заедничкото вложување, ние секако разговаравме за способноста да работиме на други производи или приватни програми надвор од портфолиото на Rivian или Volkswagen Group“ – рече тој, и додаде – „Но, имаме многу да направиме во оваа програма. Имаме многу производи на кои треба да работиме. Апсолутно сме насочени и фокусирани на производите во портфолиото на Rivian и во портфолиото на Volkswagen Group“.