Денес е светски ден на жените возачи: Што им претставува најголем предизвик на жените во возењето? – CARclub.mk | #1 за Автомобилите full screen background image
Search

Денес е светски ден на жените возачи: Што им претставува најголем предизвик на жените во возењето?

Денес е светскиот ден на жените возачи и во таа чест Women’s Worldwide Car of the Year Жирито пренесува резултати од едно интересно истражување.

Во истражувањето учествуваа 1500 жени возачи од 20 различни земји ширум светот, а најголемиот проблем кој го истакнуваат е агресивноста на патиштата. Истовремено, жирито пренесува уште неколку ситуации кои се истакнуваат како проблематични, но даваат и неколку предлози за можните решенија.

Од што се плашат жените возачи?

Според резултатите од истражувањето, се наметнуваат три главни теми кои се проблематични – агресивните возачи (22%), сообраќајните незгоди (20%) и возење при намалена видливост (20%). Пнатаму, следи пролизгувањето на возилата и судар со животни. Од друга страна, дури 16% од жените возачи кои одговориле на прашалникот кажале дека не се плашат од ништо. Како проблем, агресивните возачи се најчест одговор во САД (82%), Шпанија (31%) и Полска (38%).

„Повеќето жени возачи во светот – околу 55% – спорадично се соочуваат со агресивно однесување на патот. Дури 25% од нив е соочуваат со агресивно возење секој ден, а 20% неколку пати неделно“ – истакнува организаторката на ова истражување и членка на WWCOTY жирито, Sabina Kvášová.

Што предлагаат?

Во однос на мерките кои треба да се превземат против агресивните возачи, жените возачи предлагаат строги казни (45%), програм за специјалистичка психолошка терапија (27%), подетална обука на идните возачи (20%) и превентивни кампањи (8%). Строги казни против агресивните возачи поддржуваат жените возачи во Данска и Србија (97%), но и од САД (54%) и Италија (50%). Интересно, во многу земји се истакнува дека возачите мораат за време на обуките да бидат запознаени со ризикот поврзан со агресивното возење – во Велика Британија (43%), Италија (42%) и Шпанија (30%). Превентивните кампањи ги поддржуваат САД, Полска и Германија.

Ова истражување на Women’s Worldwide Car of the Year жирито има цел да ја пренесе перспективата на жените возачи кон однесувањето во возењето. Истовремено, меѓународниот ден на жените возачи е ден кој ја брани мобилноста како неделливо право кое придонесува кон слободата, достоинството и професионалниот развој на жените и е одлична прилика за истакнување на резултатите од анкетава. WWCOTY жирито го сочинуваат 75 автомобилски новинарки од дури 52 земји ширум светот. Член од регионот е нашата колешка од Србија, Тина Вујановиќ.



Алфа и Омега на CARclub. Играчките остануваат, само стануваат поскапи.