Малиот електричен SUV кој првично требаше да се вика Milano, добива спортска изведба како неговите роднини Giulia, Stelvio и Tonale.
Претходно беа најавени две погонски единици за Alfa Romeo Junior, првата со 156 коњски сили и втората која е преземена од Abarth 600 Elektro и Lancia Ypsilon HF со 240 коњски сили. Сега, Alfa најави верзија со 280 коњски сили и 345 Nm вртежен момент. Покрај помоќниот мотор, возилото има спуштена суспензија и засилени предни и задни стабилизатори.
Junior Veloce добива 20-инчни алуминиумски тркала, спортски систем за сопирање со дискови од 380 mm и четириклипни клешти на сопирачките. Што е уште поважно, Alfa Romeo решија да користат Torsen диференцијал за оптимизирање на држењето на возилото со зголемена моќност која доаѓа исклучиво од предните тркала.
На веб-страницата на италијанскиот производител веќе се појави верзијата наречена Junior Elettrica 280 Veloce, додека верзијата Junior Elettrica 240 Veloce не е присутна. Претпоставуваме дека новата верзија со 280 коњски сили ќе ја замени претходно најавената со 240 коњски сили, но сепак останува да видиме.