Целосно новиот BMW X3 има остар нов изглед и врвна технологија, но овој пат доаѓа без целосно електрична верзија.
Во својата четврта генерација, овој нов модел е редизајниран од темел и ќе функционира со мотори со внатрешно согорување и со хибридни погонски агрегати. Иако целосно електричниот iX3 ќе биде отсутен од понудата, очекуваме дека новите модели Neue Klasse ќе ја пополнат дупката во гамата.
Новиот X3 првично ќе се нуди со четири опции за мотори, а ќе започне со бензинска опција со турбополнач со четири цилиндри и 48-волтен благ хибриден систем. За разлика од неодамна ажурираната Серија 3, BMW ќе нуди дизел погон за X3. Станува збор за Euro 6Е моторот XDrive20d кој доаѓа со 2-литарски турбодизел, исто така потпомогнат со благ хибриден систем.
Над нив се наоѓа силно ажурираниот plug-in хибрид xDrive30e, кој го спојува турбо 2-литарскиот четирицилиндричен бензински мотор со батерии од 22,3 kWh и електричен мотор. На врвот на гамата е M50 xDrive која со помош на твин-турбо машината „B58“ овозможува забрзување од 0-100 км/ч за 4,6 секунди. M50, исто така добива поголеми сопирачки и диференцијал M Sport, променливо спортско управување и 20-инчни тркала.