Jaguar го најави крајот на моделот со претставувањето на 75 Special Edition во 2022 година, но сега и официјално става крај на производството.
Последниот F-Type му оддава почит на E-Type од 1974 година со специјалната боја Giola Green и кожниот тониран ентериер. Покрај автомобилот, Jaguar се збогуваa и со 5-литарскиот V8 мотор. Како и повеќето производители, британскиот бренд иднината ја гледа во електрификацијата. Сепак овој конкретен автомобил нема да биде достапен за продажба, односно ќе биде поставен во музејот Jaguar Daimler Heritage Trust во Велика Британија.
F-Type првпат беше произведен како кабриолет во 2013 година и беше првиот спортски автомобил со две седишта на Jaguar во речиси 40 години. Во 2013 година тој ја доби наградата за најдобар дизајн, а купето го имаше своето деби следната година. Jaguar продаде 87.731 примероци на F-Type во своето 10-годишно производство, 15.000 повеќе од E-Type.