ПРЕМИЕРА: Ова е петвратната изведба на новото Mini – CARclub.mk | #1 за Автомобилите full screen background image
Search

ПРЕМИЕРА: Ова е петвратната изведба на новото Mini

Откако Mini ги претстави новите Cooper и Countryman, сега го гледаме и новото Mini во изведба со пет врати.

Секако, Mini Cooper 5 Door не е само обично Mini со две додадени врати – меѓуоскиното растојание е продолжено за 72 милиметри а целиот автомобил е подолг дури 172 милиметри. Тоа всушност овозможува да бидат додадени двете дополнитени врати, но и да се добие значително повеќе простор на задната клупа.

Mini Cooper 5 Door ќе се нуди со два бензински мотори – основниот 1.5-литарски турбо-бензинец со три цилиндри кој испорачува 156 коњски сили и 230 Nm вртежен момент, додека Cooper S 5 Door ќе доаѓа со 2-литарски, 4-цилиндерски турбо-бензинец со 204 коњски сили и 300 Nm вртежен момент кој може да забрза до 100 километри на час за 6.8 секунди и да достигне максимални 242 километри на час.

Секако, и Mini Cooper 5 Door го добива новиот фанки ентериер со огромен кружен дисплеј поставен на средината на централната конзола, а пет-вратното Mini ќе биде достапно во дури 11 различни бои за каросеријата кои ќе можат да се комбинираат со три различни бои на кровот.



Алфа и Омега на CARclub. Играчките остануваат, само стануваат поскапи.