Иако SP600 не е сериски произведен електричен автомобил, брзинскиот рекорд што го држеше Rimac Nevera на истата тест стаза е веќе срушен.
Произведен во Италија од Manifattura Automobili Torino, Aspark SP600 беше доведен до своите граници на германскиот полигон ATP во Papenburg. Тоа е истата тест трака каде пред две години Rimac Nevera го постави претходниот рекорд за максимална брзина.
Зад воланот на новиот крал на брзината на електричните хиперавтомобили беше германецот Mark Basseng, кој во своето резиме веќе има неколку претходно поставени рекорди. Деталите за автомобилот не се откриени, но од набљудување на екстериерот забележуваме дека тој користи спортски Bridgestone Potenza Race гуми и истиот нема странични ретровизори.
Неговиот претходник Aspark Owl беше рекламиран со максимална брзина од 413 километри на час, што значи дека новиот модел е побрз за 25 км/ч. Иако електричниот SP600 е побрз од легендарниот Bugatti Veyron Super Sport, сепак заостанува зад неговиот понов брат Chiron Super Sport.