Пасошите за батерии ќе станат законски услов за сите електрични возила од 2027 година, обезбедувајќи преглед во влијанието што автомобилот го има врз животната средина.
Користејќи пасоши за батерии, сопствениците ќе можат да ги следат сите материјали што се користат во текот на целиот процес на производството од рудникот до склопувањето, а ќе ја имаат и можноста видат колку од батеријата може да се рециклира.
Концептот за пасош на батеријата е поврзан со визијата на Европската Унија за „кружна економија“, во која сите материјали што се користат во производството на потрошувачките производи се рециклираат кон крајот на нивниот животен циклус. ЕУ веќе постави специфични цели во однос на рециклирање на батерии, употреба на рециклирани материјали во батерии и максимално дозволено користење на CO2.
За користење на технологијата, Volvo се здружи со стартапот Circulor во Велика Британија. Според извршниот директор на Circulor, Douglas Johnson-Poensgen, пасошот исто така ќе обезбеди ажурирани информации за здравјето и капацитетот на батеријата до 15 години и истите ќе можат да се следат преку паметните телефони. Технологијата ќе го чини Volvo отприлика 10 долари по автомобил.