ZF го покажа новиот дизајн на возачкото воздушното перниче – CARclub.mk | #1 за Автомобилите full screen background image
Search

ZF го покажа новиот дизајн на возачкото воздушното перниче

Германскиот добавувач на делови за автомобили повторно го измисли воланот со новиот иновативен дизајн на воздушните перничиња.

Со децении воздушните перничиња беа поставени во центарот на воланот, но со новиот дизајн на ZF, воздушното перниче се активира од горната страна притоа овозможувајќи поголема слобода во дизајнирањето на воланот.

Новиот волан и воздушно перниче се создадени од ZF Lifetec, одделот за пасивни безбедносни системи на компанијата. Во случај на несреќа, воздушното перниче се активира од врвот на воланот и се протега под горниот раб на воланот кон возачот. Добавувачот на автомобили вели дека овој нов дизајн не ја загрозува безбедноста и отвора нови можности за користење на централниот дел на воланот.

Првиот волан ZF Lifetec со ова ново воздушно перниче се состои од единечна сјајна црна плоча што е поставена точно на центарот. Од ZF не кажаа дали новиот дизајн на воздушните перничиња на воланот е подготвен за производство ниту кога новите автомобили би можеле да почнат да имаат воздушни перничиња кои се активираат од горниот дел на воланот.



Автомобилски ентузијаст преку ден, DJ преку ноќ!