Вчеравечер на гламурозен настан и официјално пристигна Geely во Македонија – а дел од настанот беше и новиот Geely Starray!
Хотелот Александар Палас беше домаќин на гламурозниот настан организиран од Delfino Mobility Group, претставникот на кинескиот гигант Geely во Македонија.
На настанот свое излагање имаа сопствениците и претставниците на компанијата – Сашо и Илија Тоневски, како и амбасадорот на НР Кина во Македонија, Неговата Екселенција, Г-дин Џанг Ѕуо.
Формално, настанот беше најавен како настан на кој ќе биде промовиран брендот Geely во Македонија, како и новиот SUV со името Coolray (чиј тест наскоро ќе можете да го прочитате токму тука, на CARclub.mk), но вистинското изненадување беше во форма на новиот Geely Starray. Како што ни кажаа од Delfino Mobility Group, ова е прв пат Starray да биде прикажан во Европа, а продажбата во Македонија се очекува да започне во Септември.
На прв поглед, Starray е супер-современ и технолошки напреден SUV. Дизајнот е футуристички, а од Geely ветуваат врвни технологии и перформанси на кои ќе завидат и повеќето европски конкуренти. Цените сега за сега не се официјално потврдени, но добивме информации дека пазарната позиционираност на Starray ќе биде навистина конкурентна. Останува само да почекаме!
Им посакуваме среќа во работата и многу продадени автомобили!