ПРЕМИЕРА: BMW ја претстави новата Серија 1 – CARclub.mk | #1 за Автомобилите full screen background image
Search

ПРЕМИЕРА: BMW ја претстави новата Серија 1

Со Серијата 1, BMW целосно го елиминира мануелниот менувач од понудата на спортскиот хечбек, но воведува и грст нови технологии.

Интересно, баварскиот бренд одлучи токму со Серијата 1 да започне нова стратегија за означување на моделите. Поточно, моделите на BMW со бензински мотори веќе нема да ја користат озаката i – таа ќе биде резервирана исклучиво за електричните возила на брендот. Уште поинтересно – BMW кажува дека ова е целосно-нова, четврта генерација на најмалиот модел во понудата и дека ова не е фејслифт туку целосно нов автомобил. Дури и ознаката е нова – минатата Серија 1 ја имаше интерната генерациска ознака F40, новата ја носи ознаката F70.

Што значи тоа? Новиот автомобил добива грст измени и подобрувања и секако, најзабележливи се визуелните – Серијата 1 добива значително поостар преден дел, со потенки и поагресивни предни светла, подискретни „бубрези“ и заострени отвори за воздух во сите изведби. Предниот браник е подлабок (особено кај верзиите со M Sport пакет), профилот уште повеќе ја нагласува динамичноста, додека на задниот дел препознаваме нови светлосни групи и редизајниран заден браник со поизразен дифузер.

Кабината е директно инспирирана од поголемите модели на BMW. Пред возачот е поставен 10.25-инчен дигитален дисплеј наменет за инструментите, додека веднаш до него е 10.7-инчен дисплеј наменет за инфозабаваниот уред. Двата екрани се во заеднички закривен панел, а инфозабваниот систем доаѓа со целосно Apple Carplay и Android Auto поврзување. Инаку, ентериерот е темелно модернизиран и поедноставен и дури веќе ја нема ниту рачката за менувачот која сега е трансформирана во селектор поставен во централниот гребен.

Кога сме кај менувачот – BMW го елиминира мануелниот менувач од Серијата 1 и сега без разлика на моделот ќе добиете 7-брзински Steptronic менувач со двојна спојка. Погонската понуда сега ги содржи дизелските 118d и 120d, како и бензинците 120 и M135. Најмоќниот M135 xDrive е со погон на сите четири тркала и има 300 коњски сили, односно 400 Nm вртежен момент.

Поврзано:  ПРВО ВОЗЕЊЕ: BMW Серија 1 M135 (и 120): Нова генерација на ултимативниот хот хеч

Благодарение на сето ова, катапултира до 100 километри на час за 4.9 секунди и достигнува максимални 250 километри на час. Дизелите се со 150, односно 163 коњски сили и 360, односно 400 Nm вртежен момент. Бензинскиот 120 има 156 коњски сили и 240 Nm кои ги добива од 1.5-литарски турбо-бензинец со три цилиндри.

Понатаму се очекуваат уште неколку погонски опции, како и уште неколку спортски изведби.



Алфа и Омега на CARclub. Играчките остануваат, само стануваат поскапи.