Автомобилскиот саем во Женева престанува со работа после 119 години! – CARclub.mk | #1 за Автомобилите full screen background image
Search

Автомобилскиот саем во Женева престанува со работа после 119 години!

Организаторите на настанот напишаа во објава на Facebook во петокот дека го завршуваат шоуто во Швајцарија поради „тековните предизвици во индустријата и конкуренцијата“.

Во последниве неколку години саемот беше откажан дури четири пати (2020, 2021, 2022 и 2023 година). Кога шоуто ги отвори вратите во 2024 година, присуствуваа само неколку производители. Организаторите започнаа придружно шоу во Катар, кое најверојатно таму ќе ја продолжи традицијата следата година.

Саемите на автомобили се борат да ги привлечат производителите на автомобили, а коронавирус пандемијата дополнително ја отежна ситуацијата. Смалениот интерес како и малата посетеност ги принудија организаторите да го преиспитаат учеството и да испробаат алтернативни начини на изложување на своите модели.

Женева беше домаќин на својот прв саем за автомобили во 1905 година. На саемот низ текот на годините дебитираа некои од најпознатите иконски автомобили во индустријата како што се Jaguar E-Type, Porsche 917 и Audi Quattro.

 



Автомобилски ентузијаст преку ден, DJ преку ноќ!