ПРЕМИЕРА: ВО чест на 50 години Golf – GTI Clubsport има 300 коњски сили! – CARclub.mk | #1 за Автомобилите full screen background image
Search

ПРЕМИЕРА: ВО чест на 50 години Golf – GTI Clubsport има 300 коњски сили!

Најмоќниот GTI во историјата добива суптилни екстерни промени, уникатни детали и зголемена моќност.

Од надвор, GTI Clubsport ќе го препознате по променетиот преден браник, големиот заден спојлер и новите 19-инчни тркала. Моќноста е зголемена од 265 на 300 коњски сили, а максималната брзина со опционалниот тркачки пакет изнесува импресивни 267 километри на час!

Ревидираниот GTI Clubsport доаѓа исклучиво со седумстепен автоматски менувач со двојна спојка. Истиот менувач сега се вградува и во стандардниот GTI, a со тоа и официјално завршува понудата на возилото со мануелен менувач.

Покрај менувачот, тој добива и зголемување на моќноста и сега ќе доаѓа со 265 коњски сили (20 повеќе од претходно). Во внатрешноста, GTI гамата добива зголемен екран на допир од 12,9 инчи и физички копчиња кои ги VW ги отстрани во претходната генерација.

Новиот Clubsport ќе го има своето јавно деби оваа недела на Nürburgring 24 Hours во чест на педесетиот роденден на VW Golf. Тоа ќе биде модифицирана тркачка изведба наречена GTI Clubspot 24h која доаѓа со уште помоќни 348 коњски сили.



Автомобилски ентузијаст преку ден, DJ преку ноќ!