ПРЕМИЕРА: Новиот Wagoneer S е најбрзиот Jeep досега! – CARclub.mk | #1 за Автомобилите full screen background image
Search

ПРЕМИЕРА: Новиот Wagoneer S е најбрзиот Jeep досега!

Новиот Jeep Wagoneer S прво ќе биде лансиран на пазарите во САД и Канада, а до крајот на оваа година ќе биде промовиран и ширум светот.

Кажете му добредојде на Jeep Wagoneer S. Новиот голем електричен SUV е поставен на STLA Large платформата на Stellantis и ветува моќни перформанси. Верзијата која се претставува прва носи батерија со капацитет од 100 kWh и можност за брзо полнење од 20% до 80% за само 23 минути. Истовремено, погонот нуди безмалку неверојатни 600 коњски сили и повеќе од 800 Nm вртежен момент, кои пак овозможуваат спринт до 100 километри на час за само 3.5 секунди.

Според тестирањата по стандардите во САД, Wagoneer S ќе може да помине повеќе до 300 милји (480 километри) со полни батерии. Останува да видиме колкава ќе биде автономијата според WLTP тестирањата, но очекуваме тие бројки да бидат уште поинтересни. Максималната брзина е одлични 200 километри на час.

За сето ова свој придонес има и аеродинамиката. Коефициентот на отпор е само 0.29 Cd – најнискиот коефициент на отпор на било кој Jeep досега. Кабината е луксузна и со нагласени премиум детали, а се користени и многу рециклирани материјали. За седиштата се користи синтетичка кожа, а истиот материјал се користи за централната конзола, внатрешниот дел на вратите и слично. Инфозабавниот систем доаѓа со новиот Uconnec5 кој користи неколку различни екрани поставени низ автомобилот. Jeep ветува дека системот ќе добива редовни надградби и унапредувања, а секако тука се и напредните планери за патување.

Дизајнот е воздржан и горд, како што и му прилега на еден луксузен SUV. Самоувереноста на дизајнот директно ги нагласува амбициите на брендот, но и на самиот модел. Wagoneer S ќе се бори со докажана конкуренција, но со оглед на угледот кој Jeep го има, а и неизбежните теренски можности кои се неизбежен дел од секој Jeep, сигурни сме дека американскиот бренд има интересен нов целосно-електричен модел во своето портфолио.

Поврзано:  Avenger 4xe The North Face e најновото специјално издание на Jeep


Алфа и Омега на CARclub. Играчките остануваат, само стануваат поскапи.