Германскиот јутубер со иранско потекло Omid Mouazzen го „провози“ Chiron на една од делниците на германскиот автопат каде што нема брзински ограничувања.
Повеќето луѓе имаат перцепција дека германскиот автопат нема брзинско ограничување, но тоа важи само за 30 проценти од неговата вкупна должина. Иако последниве години имаше притисоци за да се ограничат и тие, сè уште нема некоја сериозна најава дека тоа ќе се случи.
Погледнете како германскиот јутубер рано наутро достигнува брзина од 413 километри на час, а притоа успева да не прекрши ниту еден закон. Тој нема многу време на располагање, бидејќи при возење со максимална брзина, резервоарот се испразнува за рекордни 9 минути.