Новата Lancia Ypsilon HF има 240 коњски сили – CARclub.mk | #1 за Автомобилите full screen background image
Search

Новата Lancia Ypsilon HF има 240 коњски сили

Ypsilon HF го означува враќањето на ознаката HF, која се вградува исклучиво кај Lancia моделите со високи перформанси.

Овој целосно електричен модел доаѓа со зголемена моќност, редизајнирана каросерија и ажурирана шасија. Дополнително, Lancia го претстави и моделот со мотор со внатрешно согорување – Ypsilon Rally 4 HF, а со тоа го најави и нивното долгоочекувано враќање во мотоспортот.

Субкомпактниот HF хечбек со своите 240 коњски сили забрзува до 100 километри на час за 5,8 секунди, значително побрзо од стандардните EV и благи хибридни варијанти. Покрај засилениот погонски агрегат, автомобилот користи спуштена суспензија и пошироки прагови.

За разлика од „стандардниот“ електричен HF, Rally 4 HF користи мотор со внатрешно согорување. Станува збор за помоќна верзија на 1,2-литарскиот трицилиндричен бензински мотор со турбополнач и 212 коњски сили.

Иако Lancia сè уште нема објавено конкретен датум за дебито на релито на Ypsilon, очекуваме да дознаеме повеќе детали во наредните месеци.



Автомобилски ентузијаст преку ден, DJ преку ноќ!