Chiron Super Sport Type 55 е еднократно специјално издание на Bugatti – CARclub.mk | #1 за Автомобилите full screen background image
Search

Chiron Super Sport Type 55 е еднократно специјално издание на Bugatti

Еднократниот Chiron Super Sport e препознатлив по двобојната надворешност, црни тркала и класичниот мотив 55.

Автомобилот познат како едиција „55 1 од 1“ со двобојна шема му оддава почит на оригиналниот Super Sport Type 55. Надворешните акценти ги заокружуваат црната решетка и црните тркала со десет краци кои имаат жолти амблеми „EB“.

Двобојната тема продолжува и во кабината каде нема недостатоци на кожа и aлкантара. Најприметливиот детал е избледениот мотив „55“ кој започнува на вратите и продолжува до контролната табла. Забележуваме и карбонски додатоци, извезени потпирачи за глава и специјални плочи за прагови со потписот на Jean Bugatti.

Моќта ја обезбедува 8-литарскиот W16 мотор со четири турбополначи кој развива 1.600 коњски сили и 1.600 Nm вртежен момент. Тој е поврзан со седумстепен менувач со двојна спојка и систем за погон на сите тркала. Овој систем му овозможува на хиперавтомобилот да достигне максимална брзина до 440 километри на час.

 



Автомобилски ентузијаст преку ден, DJ преку ноќ!