BMW го претстави концептот Skytop – CARclub.mk | #1 за Автомобилите full screen background image
Search

BMW го претстави концептот Skytop

Германскиот производител го покажа отворениот концепт инспириран од своите постари модели Z8 и 503 на овогодишниот настан Villa d’Este во Италија.

„BMW Concept Skytop е навистина уникатен и егзотичен дизајн кој се совпаѓа со традицијата на Concorso d’Eleganza Villa d’Este. Тој нуди комбинација на возна динамика и елеганција на највисоко ниво, споредливи со неговите историски предци”, рече главниот човек на BMW Group Design – Adrian van Hooydonk.

Тенките задни светла и предниот дел потсеќаат на роудстерот Z4 од пред дваесетина години, додека хаубата, фаровите и уникатниот израмнет заден дел потсеќаат на BMW 503 од доцните 50-ти години од минатиот век.

Концептот купе-кабриолет дополнитено потсеќа на преработена и отворена М „осумка”. Моторот е истиот V8 со 617 коњски сили преземен од M8 Competition, а иако не е потврдено, најверојатно се користи и истиот осум-брзински автоматски менувач. Во внатрешноста, контролната табла е опремена со веќе позната група за дигитални мерачи, инфозабавен екран и автоматски менувач.

Голема е веројатноста дека Skytop ќе остане само концепт. BMW е веќе во процес на произведување на купе и кабриолет верзиите на серијата 8, па не веруваме дека германскиот производител планира во исто време два различни, но сепак многу слични модели.



Автомобилски ентузијаст преку ден, DJ преку ноќ!