Кинескиот стартап Aiways се сели во Европа – CARclub.mk | #1 за Автомобилите full screen background image
Search

Кинескиот стартап Aiways се сели во Европа

Седиштето на Aiways ќе биде во Европа од каде е планирано да функционираат продажбата и маркетингот, додека производството на автомобилите останува во Кина.

Наоѓајќи се во финансиски тешкотии, минатото лето Aiways го прекина производството во фабриката во Шангра, каде што годишно се склопуваа околу 300.000 електрични возила. Откако компанијата доби финансиски средства од американската Hudson Acquisition, таа планира да продолжи со агресивната понуда на стариот континент.

„Новиот ентитет ќе биде стратешки позициониран да капитализира од нашата визија и ресурси на европскиот пазар на електрични возила“, изјави Alexander Klose, управниот директор на Aiways Europe.

Основана во 2017 година, Aiways меѓу инвеститорите ги има технолошкиот гигант Tencent, групацијата DiDi и производителот на батерии CATL.



Автомобилски ентузијаст преку ден, DJ преку ноќ!