Volkswagen ќе се ориентира кон плаг-ин хибридните возила – CARclub.mk | #1 за Автомобилите full screen background image
Search

Volkswagen ќе се ориентира кон плаг-ин хибридните возила

Во изјава за Bloomberg, Thomas Schafer кој е на чело на брендот Volkswagen изјави дека „купувачитe сега сакаат плаг-ин хибридни возила“.

Volkswagen неодамна одлучи да ги паузира плановите за изградба на фабрика за електрични автомобили во Германија. Оваа фабрика требаше да чини 2 милијарди Евра. Сепак, Volkswagen не се откажува од електричните возила – плановите за изградба на гига-фабрики во Шпанија и Канада и понатаму се во тек.

Сепак, барањата на купувачите се менуваат, а со тоа и плановите на производителите. Во неодамнешно интервју за Bloomberg, шефот на Volkswagen брендот Thomas Schaefer изјави дека „купувачите сега сакаат плаг-ин хибриди, вклучувајќи ги оние во Кина и САД“. И ова воопшто не нè изненадува, со оглед на тоа дека плаг-ин хибридите се одличен компромис меѓу перформансите и ефикасноста на целосно-електричните возила и практичноста на возилата со конвенционални мотори.

Плановите на Volkswagen веќе се трансформираат во реалност. Новите Passat и Tiguan веќе дебитираа со плаг-ин хибридни погони, а со неодамнешното освежување надграден плаг-ин хибриден погон доби и Golf.



Алфа и Омега на CARclub. Играчките остануваат, само стануваат поскапи.