Porsche се подготвува да го претстави првиот хибриден 911 – CARclub.mk | #1 за Автомобилите full screen background image
Search

Porsche се подготвува да го претстави првиот хибриден 911

„Богохулие“ или очекуван технолошки напредок? Porsche заврши со тестирањето на новиот хибриден 911  – премиерата е закажана за 28-ми Мај!

Кога со 996 генерацијата, Porsche премина од воздушно на водено ладење кај незаменливиот 911, таканаречените „пуристи“ реагираа. Што ли ќе се случи кога Porsche за прв пат ќе го електрифицира 911?

„За прв пат во 61-годишната историја на нашата икона, инсталираме хибриден погонски систем во 911. Овој иновативен Performance Hybrid го прави 911 уште подинамичен“ – вели Френк Мозер, потпретседателот Моделската Линија 911 и 718.

„Не оставивме ништо на случајот за време на развојот и ги тестиравме новите 911 под секакви услови низ целиот свет. Од температури под нулата, па сè до огромна жештина како што беше случајот за време на последните фази на тестирање во Дубаи. Без разлика дали е со високо погонско оптеретување во услови на планинските премини или во сообраќајот на урбаната средина, новиот 911 ги совлада и најтешките предизвици. Сè на сè, нашите инженери и тест возачи реализираа повеќе од пет милиони тест-километри.“ – додаде тој.

Тестирањето и тјунингот на Nurburgring Nordschleife отсекогаш имало посебно значење за време на развојот на 911. Во текот на тестирањето на перформансите, бренд-амбасадорот на Porsche – Јорг Бергмајстер – го комплетираше кругот за 7:16.934 – 8.7 секунди побрзо од соодветната верзија на претходниот модел. Тест возилото беше опремено со стандардни гуми, плус аеро пакетот со фиксно задно крило кој е достапен како опција и кој обезбедува зголемена потисна сила при високи брзини.

„Новиот 911 стана значително побрз на патеката“ – вели Бергмајстер – „Имаме повеќе потисна сила, значително повеќе моќ, а Performance Hybrid претставува голема предност.“



Алфа и Омега на CARclub. Играчките остануваат, само стануваат поскапи.