VW ID.3 Pro S добива поголема моќност и побрзо полнење – CARclub.mk | #1 за Автомобилите full screen background image
Search

VW ID.3 Pro S добива поголема моќност и побрзо полнење

Само една година после дебито на фејслифтираниот VW ID.3, Volkswagen реши да го освежи електричниот хечбек уште еднаш.

VW ID.3 Pro S доби помоќен електричен мотор со 231 коњски сили (27 повеќе од претходно), додека останатите модели ги добија најновиот инфозабавен систем и намаленото време на полнење. Зголемувањето на моќноста се добива стандардно во Германија, а на останатите европски пазари возилата може да се надградат дополнително.

Ефикасноста на електричниот мотор е подобрена и сега комбинираниот опсег според WLTP изнесува 559 километри (13 повеќе од претходно). Пакетот батерии од 77 kWh на ID.3 нуди функција за претходна климатизација на батеријата, односно постигнување на оптималната температура пред самото полнење.

Во внатрешноста, ID.3 Pro S го доби новиот 12,9-инчен екран на допир кој веќе се најде во поновите членови на линијата на VW. Екранот има помалку копчиња и работи на најновиот инфозабавен систем со поедноставени менија, попаметен гласовен асистент IDA и интегриран ChatGPT.

VW ID.3 Pro S е веќе достапен за нарачка во Германија, а набрзо ќе следува и во останатите европски земји.



Автомобилски ентузијаст преку ден, DJ преку ноќ!