Производството на специјалната верзија на Batur со отворен покрив и W12 мотор е ограничено на само 16 примероци.
Bentley Batur се појави во 2022 година, а сега моделот добива и отворена-кабрио верзија. Таа претставува еден од последните автомобили кои го користат моторот со дванаесет цилиндри. Станува збор за најмоќнота веерзија на W-12 досега, со неверојатни 750 коњски сили и 1000 Nm вртежен момент.
За да се спушти или подигне покривот на кабриолетот потребни се само 19 секунди, без разлика дали Batur е паркиран или се движи со брзина до 48 км/ч. Bentley го нуди автомобилот ексклузивно со две седишта и тркала од 22 инчи со различен дизајн.