Според (неофицијални, секако) податоци кои пристигнаа до нас, во првите три месеци од 2024 се продадени вкупно 1712 нови автомобили – дури 35% повеќе од истиот период минатата година.
Податоците до кои стигнавме пристигнуваат од CE Auto преку BestSellingCarsBlog. За жал, немаме официјални податоци од македонските импортери, па затоа и овие бројки ги земаме со одредена резерва – но бројките се интересни.
Според CE Auto, пазарот на нови возила во Март 2024 е поголем за цели 41.4% проценти во однос на истиот месец минатата година, додека Февруари 2024 бил подобар за импресивни 69% во однос на истиот месец во 2023. Во Јануари биле продадени 420 нови возила, во Февруари 971 ново возило додека во Март биле продадени 741 возило. Вкупниот резултат е одлични 1712 нови возила во првите три месеци од годинава.
Бројките се интересни. Најпродавано возило во Март била Fiat Panda со 55 продадени примероци, додека зад неа е Renault Clio со 42 продадени возила. На третото место е Skoda Octavia со 33 продадени автомобили. На четвртата позиција е Hyundai Tucson со 30 автомобили, додека на петтото место е Kia Sportage со 26.
Интересно, најпродаван нов автомобил во 2024 досега е токму Kia Sportage со вкупно 85 продадени возила, додека на второто место е Dacia Duster со 76. На третото место е Renault Clio со 75. На четвртата позиција е Skoda Octavia со 74 продадени возила, а топ 5 ги заокружува Seat Ibiza со 59 продадени возила.
Извор: CE Auto преку BestSellingCarsBlog.com.