Трофеј за Иџе на првиот настап со новото Ferrari! – CARclub.mk | #1 за Автомобилите full screen background image
Search

Трофеј за Иџе на првиот настап со новото Ferrari!

Игор Стефановски Иџе викендов го имаше првиот настап со новиот тркачки автомобил – и стигна до третата позиција во неговата класа!

Во Категорија 1 во која се натпреварува Иџе, конкуренцијата е навистина моќна – но тоа не го спречи македонскиот автомобилски ас да има одличен прв настап со новото Ferrari 488 Challenge Evo. Тој на RechbergRennen трката која се одржа викендов во Австрија дојде до третата позиција во својата категорија, односно постави време од 2:02.571 и 2:01.642, односно вкупно време од 4:04.213. Браво Иџе!

Му честитаме за одличниот прв настап и се надеваме дека така ќе продолжи!



Алфа и Омега на CARclub. Играчките остануваат, само стануваат поскапи.