Ова е целосно новиот Mini Aceman! – CARclub.mk | #1 за Автомобилите full screen background image
Search

Ова е целосно новиот Mini Aceman!

Новиот електричен модел на брендот ја пополнува дупката во гамата измеѓу Cooper и Countryman.

Првично, Aceman ќе биде понуден во две варијанти – E и SE. Првата доаѓа со електричен мотор со 184 коњски сили, батерија од 42,5 kWh и максимален опсег на возење до 310 километри, додека втората има 218 коњски сили, батерија од 54,2 kWh и опсег на возење до 405 километри.

Гледан од надвор, лесно е да се претпостави дека се работи за модел на Mini. Дневните LED и задните светла можат наизменично да менуваат три режими на работа со различна графика. Рамните рачки на вратите и закосеното задно стакло додаваат на неговиот аеродинамичен профил, додека мат-црните прагови му даваат поцврст лик.

Во внатрешноста, доминира OLED екранот со дијаметар од 9,5 инчи кој функционира на оперативниот систем Mini OS 9. Физичките копчиња се враќаат во мода, па производителот се реши да задржи група основни прекинувачи под екранот за контрола на менувачот, копчето за сопирање-поаѓање, паркирната сопирачка и радиото.

Цената за Aceman не е објавена, а производството е планирано да започне подоцна оваа година.



Автомобилски ентузијаст преку ден, DJ преку ноќ!