Благодарение на китот за подигнување на шасијата и гумите за сите терени, Cupra Formentor станува сериозно off-road возило.
Теренскиот Formentor позајмува елементи од спортскиот бодикит на JE Design кој е веќе достапен, но со неколку измени. Браниците се монтирани директно на каросеријата со видливи завртки, давајќи му дополнителен акцент на грубиот изглед.
Возилото користи посебни 18-инчни тркала со Yokohama гуми за сите терени. За да одговара на пошироките браници, од JE Design вградија и дополнителни разделници. Растојанието од подлогата е исто така зголемено, и тоа за 3 cm благодарение на комплетот за подигнување.
Дополнително, покривот добива практичен багажник кој е споен со две LED шипки за подобрено осветлување, додека виолетовите мат акценти околу каросеријата додаваат малку боја воцелото сивило. Погонската единица останува непроменета, ако не го сметаме погласниот специфичен звук што сега го дава новиот издувен систем со четири цевки.
Cupra Formentor All-Terrain останува како еднократен концепт проект, иако од JE Design велат дека постои можност да го пуштат во производство доколку има доволно интерес од страна на клиентите.