Новите Vito Tourer и V-Class пристигнаа во салонот на Mercedes-Benz – CARclub.mk | #1 за Автомобилите full screen background image
Search

Новите Vito Tourer и V-Class пристигнаа во салонот на Mercedes-Benz

Навидум слични, но во суштина прилично различни – во салонот на Мак Аутостар пристигнаа новите Vito Tourer и V-Class.

Mercedes-Benz има долга историја со таканаречените комбиња – и таа традиција продолжува и со новите Vito Tourer и луксузниот V-Class.

Всушност, ако Vito Tourer е наменет за секојдневен транспорт на луѓе (и тоа во завиден комфор, сепак зборуваме за Mercedes-Benz), тогаш V-Class заслужено е дел од Класната номенклатура на Mercedes-Benz. Кај V-Class доминираат луксузот и комфорот и таму и возачот и патниците ќе уживаат во врвни фотелји, ќе добијат дополнителна опрема во насока на практичноста и ќе патуваат како во вистински Mercedes.

И ако Vito (па и Vito Tourer) е замислен да биде верен и доверлив соработник и да најде свое место во различни деловни опкружувања, тогаш V-Class е замислен да биде луксузен транспорт за скапи хотели, казина, аеродроми и луксузни резорти.

Не би имале проблем да патувате во овој Mercedes-Benz, нели?



Алфа и Омега на CARclub. Играчките остануваат, само стануваат поскапи.