Буба Клуб Македонија наполни 14 години! – CARclub.mk | #1 за Автомобилите full screen background image
Search

Буба Клуб Македонија наполни 14 години!

Клубот на фанови и сопственици на незаменливата Volkswagen Буба наполни 14 години и заедно со своите пријатели го прослави роденденот.

Буба Клуб Македонија, заедно со своите пријатели од Македонија и регионот – но и со поддршка од Порше Македонија – викендов го прослави својот 14-ти роденден. Клубот зад себе има богата историја, со учество на многу настани како во Македонија, така и во регионот и низ Европа, но и многу настани организирани на домашен терен.

Заедно со своите автомобили и своите гости викендов го прославија роденденот а нашиот град го направија поубаво, пошарено и попријатно место. Им го честитаме роденденот и им посакуваме уште многу настани и многу дружење во иднина!



Алфа и Омега на CARclub. Играчките остануваат, само стануваат поскапи.