СУПЕР-ТЕСТ: Volkswagen Golf GTE 245 DSG – 100 километри за 80 денари? – CARclub.mk | #1 за Автомобилите full screen background image
Search

СУПЕР-ТЕСТ: Volkswagen Golf GTE 245 DSG – 100 километри за 80 денари?

Како што се покачуваат температурите, така се подобрува и ефикасноста на плаг-ин хибридниот погон на нашиот Golf GTE – па ајде да поразговараме за трошоците?

Претходно:

Почеток на Април, а температурите се веќе изненадувачки високи. Како што се покачуваат температурите, така се подобрува и ефикасноста на погонот на нашиот плаг-ин хибриден Volkswagen Golf GTE. Па всушност, каква е математиката?

Изминатиов период, потрошувачката на електрична енергија на нашиот Golf GTE опадна драстично, а автономијата се зголеми. Ако пред само два месеци просечно трошеше 22-23 kWh на 100 изминати километри, сега просечната потрошувачка (строго во градски услови на возење) е намалена на 16.8 kWh на 100 изминати километри и автономијата лесно надминува 50 километри на електрична енергија.

Да ги земеме предвид цените во моментот на објавување на овој текст. На таканаречената „евтина струја“ 1 kWh чини 1.7522 денари. Дополнително, на тоа додаваме уште 2.3 денари надоместок за пренос и дистрибуција, па на целата сума пресметуваме уште 18% ДДВ.

Доаѓаме до сума од 4.78 денари за киловат-час. Со потрошувачка од 16.8 kWh на 100 изминати километри, доаѓаме до трошок од 80.33 денари на 100 километри – односно, како вашиот автомобил да троши помалку од 1 литар бензин „на сто“.

Секако, оваа пресметка е валидна само доколку цело време возиме на струја и ако цело време полниме на ниска тарифа. Но во реалноста – доколку имате можност за полнење во домашни услови и поминувате помалку од 50-тина километри на ден за бензинскиот мотор воопшто да не се активира – оваа „математика“ е сосем возможна.

Интересна математика, нели?



Алфа и Омега на CARclub. Играчките остануваат, само стануваат поскапи.