Специјалниот модел е достапен со 4-литарски твин-турбо V8 и 3-литарски хибриден V6 мотор.
Bentley го опишува Bentayga S Black Edition како највпечатлив SUV произведен до сега. Уште на прв поглед тој се издвојува од другите верзии благодарение на различните црни детали. За дополнителен ексклузувитет, специфициран е и посебен бодикит.
S Black Edition има 4-литарски V8 со двоен турбо полнач, 542 коњски сили и 770 Nm вртежен момент со чија помош тој достигнува максимална брзина до 290 км/ч. Моделот исто така доаѓа стандардно со електронско управување на сите тркала, спортска суспензија и активниот Bentley Dynamic Ride систем.
Покрај верзијата со внатрешно согорување, Bentley S Black Edition е достапен и во хибридна варијанта. Моделот користи 3-литарски TFSI V6 бензинец со 456 коњски сили и електромотор за дополнителни 134 коњски сили. Тој достигнува 100 км/ч за 5,3 секунди, додека неговата максимална брзина изнесува 254 км/ч.
Во внатрешноста на уникатниот теренец се приметува луксузната Beluga кожа, контрастните шевови и извезениот знак „S“ на седиштата. Тука се и карбонските детали на инструмент таблата и централната конзола. Стандардно е достапен новиот пакет Dark Chrome, а опционално се достапни три аудио системи, меѓу кои се издвојува оној на Naim.