Alfa Romeo Milano го менува името, ќе се вика Junior – CARclub.mk | #1 за Автомобилите full screen background image
Search

Alfa Romeo Milano го менува името, ќе се вика Junior

Откако претставници на италијанската влада реагираа на името Milano, Alfa Romeo одлучи дека малиот кросовер ќе се вика Junior.

Италијанската влада реагираше на името Milano на новиот мал кросовер на Alfa Romeo. Поточно, реагираше дека не смее да го носи името Milano ако не се произведува во Италија, а бидејќи малиот кросовер ќе се произведува во фабриката на Stellantis во Тиши, Полска… Проблем.

Всушност, целата работа стана интересена откако Adolfo Urso, Министер за Индустрија и Направено во Италија излезе со изјава дека „Автомобил кој се вика Milano не може да се произведува во Полска бидејќи има закон кој кажува дека не смее да се давааат индикации кои би ги ставиле во заблуда купувачите“. Што значи тоа? Па господинот Урсо сака да каже дека купувачите би се излажале и би помислиле дека кросоверот на Alfa Romeo се прави во Милано.

Alfa Romeo денес објави дека ќе воскресне име од својата историја и дека новиот кросовер ќе го носи токму тоа, воскреснато име – па така, Alfa Romeo Milano станува Alfa Romeo Junior. Од Alfa Romeo напоменуваат дека иако веруваат дека постоечкото име ги задоволува сите законски обврски, сепак има проблеми кои се значително поважни од името на еден нов автомобил, па затоа одлучиле да го сменат името од Milano во Junior, во духот на промовирање заедничко разбирање.

На самиот крај, во своето официјално соопштение, Alfa Romeo ѝ се заблагодарува на владата на Италија за бесплатната реклама. ;)



Алфа и Омега на CARclub. Играчките остануваат, само стануваат поскапи.