Peugeot Sport доби специјално еко-признание од FIA – CARclub.mk | #1 за Автомобилите full screen background image
Search

Peugeot Sport доби специјално еко-признание од FIA

Со сè поголемиот фокус даден на еколошката страна на тркањето, ваквите резултати стануваат сè поважни – а Peugeot е првиот производител во WEC натпреварите кој добива престижна еко-награда токму од FIA.

Исто како и Fédération internationale de l’Automobile (Меѓународната федерација на автомобили – FIA), групацијата Stellantis работи напорно неколку години на глобалните влијанија врз животната средина. Како дел од оваа заложба, на Peugeot Sport му беше доделен еколошки сертификат со три ѕвездички од FIA и со тоа Peugeot e првиот производител на автомобили на светскиот шампионат на трките за издржливост на FIA кој го доби ова признание.

Еколошката акредитација со три ѕвезди ја доделува FIA на организации кои се залагаат за заштита на животната средина, намалување на емисијата на јаглерод и воспоставување одржливи практики во автомобилскиот свет. Ова признание доаѓа по ригорозниот процес на евалуација управуван од FIA, кој разгледува голем број различни критериуми. Најновата сертификација на Peugeot Sport е дел од целокупната глобална политика на групацијата Stellantis кога станува збор за енергетска транзиција.

Откако ја доби Low Carbon Award (Наградата за ниска емисија на јаглероден диоксид) на WEC, Peugeot Sport дополнително ја истакна важноста на развивање на своите еколошки иницијативи. Ова признание на FIA, совршено се вклопува во стратегијата на групацијата Stellantis за намалување на стакленичките гасови, утврдена во планот „Dare Forward“ кој има за цел да се постигне јаглеродна неутралност до 2038 година.

FIA го истакна воспоставувањето и спроведувањето на план за намалување на стакленички гасови, како и оптимално управување со потрошувачката на енергија и осветлувањето. Но, Stellantis Motorsport не застанува тука и веќе ја планира следната ревизија…

Поврзано:  Peugeot E-3008 и E-5008 добиваат Long Range изведба и поминуваат до 700 километри со едно полнење

За да ги постигне своите цели, Stellantis Motorsport се ангажира со сите свои соработници да дискутираат и разменуваат идеи за климатските предизвици: што им помага на сите да разберат повеќе за нивното лично влијание и глобалното влијание на нивниот спорт. Свеста за овие работи е особено висока во мотоспортот, бидејќи спортот е на врвот кога станува збор за развој на добри практики и намалување на емисиите, како и еволуција на технологии насочени кон поодржлива мобилност.

Jean-Marc Finot кој е Stellantis Motorsport Senior VP изјави – „По добивањето на оцената од FIA со три ѕвездички за нашата активност во 2023 година, наградата за ниска емисија на јаглерод за Peugeot Sport во WEC и наградата за одржливост на DMSB на Opel Corsa e-Rally Cup, денес се стекнуваме со уште едно важно еколошко признание што претставува гордост за целиот Stellantis Motorsport. Овие сертификати го нагласуваат нашиот ангажман и придонес во рамките на планот “Dare Forward” на Stellantis Group, каде што мотоспортот е истакнат момент. Сето ова е важно за нашите сегашни и идни партнери, кои се поистоветуваат со нашите напори со цел за подобрување на сопствените еколошки перформанси и обврски. Сите заедно го даваме нашиот придонес за развојот на безбедна и обновлива мобилност, поради што сме сите тука“.

 



Алфа и Омега на CARclub. Играчките остануваат, само стануваат поскапи.