Lamborghini објави рекордна продажба и профит за 2023 година – CARclub.mk | #1 за Автомобилите full screen background image
Search

Lamborghini објави рекордна продажба и профит за 2023 година

Со остварениот приход од 2,66 милијарди евра и профит од 723 милиони евра, 2023 се покажа како најдобра година досега за луксузниот бренд.

2023 година беше најдобрата година за Lamborghini, кога за прв пат беа продадени повеќе од 10.000 возила. Тоа му помогна на брендот да оствари приход од 2.66 милијарди евра – рекордна заработена сума за една година и 12.1 отсто повеќе од 2022 година.

„Lamborghini продолжува да урива рекорди, постојано и во различни области, и тоа еден рекорд по друг. Ова значи дека нашите избори и визија беа точни и придонесоа за органскиот раст на компанијата. Оперативниот резултат од 723 милиони евра заедно со оперативната маржа од 27.2% се јасни знаци дека усвоената стратегија е добра” – рече Стефан Винкелман, извршниот директор на Lamborghini.

„Во 2023 година повторно забележавме невидени финансиски и деловни перформанси кои не позиционираат како еден од клучните светски играчи во луксузниот сегмент“, рече Паоли Пома, финансискиот директор на Lamborghini.

Lamborghini оваа година планира да ја претстави plug-in хибридната верзија на Urus, како и новиот модел што ќе го замени Huracan. Останува да видиме дали трендот на рекордни продажби ќе продолжи и во 2024 година.

 



Автомобилски ентузијаст преку ден, DJ преку ноќ!