Францускиот бренд и годинава ќе се натпреварува во WEC – и денес го претстави новиот, надграден 9X8 кој ќе го има тркачкото деби на 6 Часа Имола во Април!
Возилото кое дебитираше минатата година немаше заден спојлер, но годинава 9X8 добива низок заден спојлер кој би требало значително да влијае на аеродинамиката. Истовремено, Peugeot ја напушта стратегијата за гуми со еднаква ширина на предната и на задната оска и новиот автомобил на предните тркала ќе вози гуми со ширина од 29 сантиметри, додека задните тркала добиваат гуми со ширина од 31 сантиметар.
Сето ова овозможува автомобилот да има темелно-ревидирана аеродинамика и повеќе потисна сила од горните површини на автомобилот. Техничкиот директор на Peugeot Sport – Olivier Jansonnie – изјави дека „90-95% од површините на автомобилот биле допрени од неговиот тим“. Тој додава дека „од гледиште на гледачите, автомобилот изгледа како да не е сменет и дека има само заден спојлер“ – иако тоа не е така, туку токму дека предизвикот бил да се задржи визуелниот идентитет на автомобилот.
Истовремено, бидејќи тежината е преместена кон задниот дел, инженерите на Peugeot можеле да поработат на 2.6-литарскиот твин-турбо V6 и неговиот 7-степен менувач со цел да се подобри доверливоста на погонот – а со тоа тимот да биде уште поконкурентен во иднина. Ние имавме можност да го видиме „стариот“ тркачки автомобил на Peugeot минатата година, кога на покана на францускиот бренд отидовме на 100-годишнината на Le Mans.