Audi го направи последниот R8 – CARclub.mk | #1 за Автомобилите full screen background image
Search

Audi го направи последниот R8

После две генерации, безброј изведби и модификации, Audi R8 официјално оди во пензија.

Последниот примерок на „разумниот“ суперавтомобил излезе од производната линија на фабриката на Audi минатата недела. Се работи за Performance quattro Edition со 5.2-литарски V10 мотор и 612 коњски сили, облечен во жолта „Vegas“ боја. Audi сепак одбра да не го продаде на купувач, туку да го чува во својот официјален музеј во Инголштад, Германија.

Од Audi не потврдија дали ќе има директен наследник на R8, но доколку има, голема е веројатноста дека тој ќе биде електричен. Audi планира да го лансира својот последен автомобил опремен со мотор со внатрешно согорување во 2026 година, по што брендот ќе лансира само електрични верзии.



Автомобилски ентузијаст преку ден, DJ преку ноќ!