Караванот добива два електрични мотори кои ги придвижуваат сите тркала со комбинирана моќност од 335 коњски сили.
Додека основниот модел доаѓа со батерија од 77 kWh, GTX стандардно го добива надградениот пакет од 86 kWh. Полнењето со 200 kW и овозможува на батеријата да се наполни од 10 до 80 проценти за помалку од половина час. Максималниот опсег не е споменат, но голема е веројатноста дека тој е помалку ефикасен од моделот со погон на задните тркала со поголема батерија, која може да помине 685 километри, сметано преку WLTP циклусот.
Како и со ID.3 GTX, ID.7 GTX Tourer добива поспортски изглед со редизајнирани браници, сјајни црни акценти и специјални тркала. Електричниот спортски караван стандардно доаѓа со 20-инчни алуминиумски тркала, а опционално достапни се и поголемите 21-инчни. Внатрешноста е исто така украсена со црвени акценти и GTX логоа на седиштата и воланот.
Моделот има идентичен товарен капацитет во гепекот како стандардниот ID.7 Tourer а истото важи и за вкупниот капацитет со преклопени задни седишта. Слично како и кај обичниот електричен вагон, прекрасниот панорамски покрив кој е достапен како опција се претвора од непроѕирен во проѕирен и обратно.
Електричниот спортски вагон id.7 GTX ќе започне да се продава во европа од оваа пролет.