Спортскиот електричен автомобил со погон на задните тркала го користи најмоќниот електромотор на Volkswagen досега.
Сестринскиот модел на Cupra Born VZ доаѓа во две варијанти. Основниот GTX со 282 коњски сили и зачинетиот GTX Performance со 322 коњски сили. За да достигне 100 киломтери на час, на стандардниот GTX му се потребни шест секунди, односно 5,6 секунди ако се работи за GTX Performance.
Максималната брзина е електронски ограничена на 178, односно 200 километри на час, соодветно. Двата GTX модели имаат батерии со употреблив енергетски капацитет од 79kWh и полнење до 175kWh. Со целосно наполнета батерија, ID.3 GTX се проценува дека покрива 600 км во комбинираниот WLTP циклус.
Внатрешноста добива многу црвени акценти. Предните спортски седишта со интегрирани потпирачи за глава се електрично прилагодливи и изработени со ткаенина од рециклиран материјал, а тука се и ознаките GTX. Сите ID.3 ќе имаат нов 12,9-инчен инфозабавен систем и посебна рачка за избор на режимот на возење.
VW веќе веќе најави дека ќе има и деветта генерација на Golf кој ќе користи само електрична енергија. Постојат шанси тој автомобил да го замени ID.3 бидејќи не гледаме дека би имало место за двата модели во линијата. Ако тоа се случи, GTX ќе стане GTI бидејќи компанијата има намера да ги задржи трите познати букви. Останува времето да покаже.