Alpine конечно во Македонија – пристигна A110 GT! – CARclub.mk | #1 за Автомобилите full screen background image
Search

Alpine конечно во Македонија – пристигна A110 GT!

Спортското купе со централно-поставен мотор и погон на задните тркала пристигна и кај нас –  A110 GT на Alpine пристигна во салонот на Renault во Скопје!

Спортската дивизија на Renault на пазарот испорача нешто спектакуларно – и конечно пристигна и кај нас.

Alpine A110 GT користи 1.8-литарски турбо-бензинец (да, истиот кој се вградуваше и во Renaultsport Megane) кој испорачува моќни 252 коњски сили и 320 Nm вртежен момент, кои пак му овозможуваат на ниското, компактно и лесно спортско купе да катапултира до 100 километри на час за само 4.5 секунди, но и да достигне максимални 250 километри на час.

Во живо, спортското купе на Alpine изгледа – и не можеме ова да го кажеме никако поинаку – спектакуларно! Ниската каросерија и широките пропорции наметнуваат динамичен, самоуверен и подготвен-да-нападне став кој недостасува во сообраќајот. Покрај огромните SUV модели, Alpine A110 изгледа неочекувано ниско – и тоа ни се допаѓа!

Се радуваме дека еден ваков автомобил пристигна и кај нас и се надеваме дека ќе го гледаме често на нашите улици.



Алфа и Омега на CARclub. Играчките остануваат, само стануваат поскапи.