Пакетот е достапен за верзиите Urus S и Urus Performante и истите сега можат да произведат 771 коњска сила
Сопствениците на моделите Urus S и Performante имаат опција да се обратат до Novitec во врска со подобрување на перформансите на нивните твин-турбо V8 мотори. Покрај зголемувањето на моќноста, Novitec нуди и низа визуелни надградби за истите модели.
И покрај тоа што додаваат ширина од 10 mm напред и 12 mm позади, продолжетоците на браниците изгледаат како фабрички делови. Тие се искомбинирани со карбонски парчиња на сплитерот, страничните жабри, опционалната карбонска хауба, дифузерот и кровниот спојлер.
Поширокиот став на Urus добива уште поспортски изглед со помош на спуштената суспензија, сега доближувајќи го теренецот до подлогата за 25 mm. Четирите издувни цевки се обработени во мат црна боја, а улогата на тркала ја играат 23-инчните Vosen NL5.
Твин-турбо 4-литарскиот V8 мотор е тјуниран да произведе 771 коњска сила и вртежен момент до 1032 Nm, што претставува значително зголемување во споредба со Urus Performante и неговите 657 коњски сили. Според Novitec, Lamborghini Urus Esteso забрзува од 0 до 100 км/ч за 3,1 секунда и постигнува максимална брзина до 311 км/ч.