Прекрасната Arcadia е третиот рачно изработен Droptail модел на ултралуксузниот бренд.
Најновата верзија на моделот Droptail со лимитирано производство – Arcadia е дизајнирана специјално за неименуваниот премногу богат клиент. Времетраењето на изработката на автомобилот траело четири години, при што клиентот имал целосна контрола врз процесот. Самото име на кабриолетот доаѓа од грчката митологија и се однесува на место познато како „Рај на Земјата“.
Еден од најпривлечните детали на Arcadia е тврдото дрво што се користи во внатрешноста и на неговиот дел од задната палуба. Во автомобилот има вкупно 233 парчиња дрво познато како Santos Straight Grain. За да се заштити дрвото во текот на целиот животен век на возилото, изработен е посебен заштитен лак.
За разлика од другите два Droptail модели – La Rose Noire и Amethyst, долните делови на Arcadia се обоени во уникатна сребрена боја наместо целосно или делумно изложени карбонски влакна. Другите надворешни делови, како што се тркалата од 22 инчи и опкружувањето на решетката, имаат полиран финиш. Внатрешноста на Arcadia е покриена со бела и кафена кожа и во истата е сместен најкомплексниот часовник кој компанијата некогаш го направила.
Иако од Rolls Royce не ги спомнаа погонот и цената на Arcadia, претпоставуваме дека најверојатно станува збор за 6,7-литарскиот V-12 со 593 коњски сили, но и дека цената е приближно 30 милиони долари.