Renault Scenic E-Tech Electric е Европски Автомобил на Годината за 2024! – CARclub.mk | #1 за Автомобилите full screen background image
Search

Renault Scenic E-Tech Electric е Европски Автомобил на Годината за 2024!

Членовите на жирито го одбраа новиот електричен Renault Scenic E-Tech Electric за Европски Автомобил на Годината за 2024.

Од седумте финалисти, токму Renault Scenic E-Tech Electric беше изгласан за Европски Автомобил на Годината за 2024. Renault Scenic E-Tech победи со вкупно 329 освоени поени, а дури 22 од членовите на жирито го ставија Scenic E-Tech на првото место. Ова е седма победа за Renault не изборот за Европски Автомобил на Годината.

На второ место се најде новата BMW Серија 5 со вкупно 308 поени, додека на третото место заврши новиот Peugeot 3008 со 197 поени. Понатаму, гласовите отидоа за Kia EV9 (190 поени), Volvo EX30 (168 поени), BYD Seal (131 поен) и Toyota C-HR која освои 127 поени. Интересно, годинава дури четири од седумте финалисти беа целосно-електрични, а сите други имаа целосно-електрична или пак плаг-ин хибридна изведба.

„Да се освои престижната награда за Автомобил на Годината е голем извор на гордост за сите во Renault Group и Renault брендот. Ова препознавање демонстрира дека ги направивме вистинските одлуки – одличен опсег, дарежлива просторност и внимателно-менаџиран ефект врз околината. Кога ќе се додаде уживањето во возењето и богатата опрема, Scenic ги има сите важни карактеристики за да го освои своето вистинско место на европскиот пазар на електрични возила“ – изјави Fabrice Cambolive кој е на чело на Renault брендот.



Алфа и Омега на CARclub. Играчките остануваат, само стануваат поскапи.