ПРЕМИЕРА: Cupra Born VZ е првиот електричен хот хеч на Volkswagen групацијата – CARclub.mk | #1 за Автомобилите full screen background image
Search

ПРЕМИЕРА: Cupra Born VZ е првиот електричен хот хеч на Volkswagen групацијата

Електричниот Cupra Born VZ забрзува до 100 километри за само 5.7 секунди благодарение на електромоторот кој испорачува 326 коњски сили и 545 Nm вртежен момент!

Електричен хот хеч? Зошто да не!? Првенецот на Volkswagen групацијата доаѓа од шпанскиот огранок – Cupra – и добива надграден електромотор кој испорачува вкупно 326 коњски сили и 545 Nm вртежен момент. Колкаво е зголемувањето во однос на обичниот Born? Цели 95 коњски сили и 235 Nm вртежен момент.

Резултат на сето тоа е спринт до 100 километри на час за само 5.7 секунди, како и максимална брзина од 200 километри на час. Born VZ користи надграден батериски модул со капацитет од 79 kWh, кој пак овозможува автономија до 570 километри. Истовремено, батеријата овозможува полнење со максимална моќност од 170 kW, што пак резултира со полнење од 10 до 80% за 30 минути.

Cupra Born VZ добива и надграден ентериер со нов мултимедијален систем, спортски седишта преземени од Cupra Formentor и Cupra Leon и уште неколку други додатоци. Достапни се нови тркала кои се ексклузивни за електричниот хот хеч. Продажбата ќе започне на почетокот на втората половина од годинава.



Алфа и Омега на CARclub. Играчките остануваат, само стануваат поскапи.