Првиот електричен караван на Volkswagen е значително попрактичен од седанот.
Додека надворешните димензии се идентични со седан верзијата која имавме шанси да ја видиме во живо, преобликуваниот заден дел дава дополнителна вредност во однос на практичноста. Електричниот караван може да собере 605 литри, односно 73 литри повеќе од седанот (технички хечбек или лифтбек), а со преклопена задна клупа, капацитетот на багажот се зголемува на 1714 литри.
Во поглед на ентериерот и екстериерот, дизајнот е препознатлив. Возилото го наследува опционалниот панорамски подвижен покрив со слој од полимерски дисперзиран течен кристал кој им овозможува на сопствениците да го направат од транспарентен во непроѕирен и обратно.
Во срцето на ID.7 Tourer е истиот електричен мотор со 282 коњски сили и 545 Nm вртежен момент. Верзијата Pro има батерија од 77 kWh со полнење до 175Kw, додека Pro S доаѓа со поголем батериски пакет од 86 kWh и полнење до 200 kW. Со втората варијанта, VW проценува дека возилото ќе измине 685 километри со едно полнење. Како и со секое електрично возило, опсегот ќе зависи од големината на тркалата која варира од 19 до 21 инчи.
Производството ќе биде во истата фабрика во Емден, Германија каде VW ги склопува ID.4 и стандардниот ID.7